Почитувани потрошувачи, ве известуваме дека од 10.05.2024 бесплатна достава следува за нарачки со износ поголем од 1500мкд. Ви благодариме за довербата! 💚

BAUCKHOF / ОРГАНСКИ БЕЗГЛУТЕНСКИ ПУДИНГ ОД ГРИЗ - 2x65 ГР.

165 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637823805

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Пудинг
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт , Ужинка
  • Дополнителни информации - Без глутен

Овој органски пудинг од гриз на Bauckhof се базира на ориз. Природно е без глутен. Супер лесен за подготовка, така никој не мора да остане без овој класичен десерт. Се што треба да направите е да додадете млеко или растителен напиток за да го подготвите пудингот. Секое пакување пудинг од гриз содржи две ќесички, а секоја ќесичка е доволна за две порции. Но, внимавајте: пудингот е толку вкусен што ќе ви биде тешко да не ги изедете сите порции одеднаш. 

Наш совет: Пудингот од гриз може да го збогатите со суво грозје, јаткасти плодови, свежо овошје или џем.


- Погоден за вегани

- Погоден за вегетаријанци

- Не содржи глутен

- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ

- Регистриран во Германското здружение за целијачна болест


Начин на подготовка:

За 2 порции: Потребно ви е 0,5 l млеко. Во сад додадете 1 ќесичка пудинг од гриз (65 g). Измешајте 7 лажици млеко со прашокот за пудинг. Остатокот од млекото ставете го да зоврие. Готовиот пудинг ставете го во врелото млеко и варете го околу 1 минута со постојано мешање. Потоа пудингот истурете го во мали садови. Уживајте го сервиран топол или ладен.

За 4 порции: Потребно ви е 1 l млеко. Во сад ставете ги двете ќесички пудинг од гриз, 14 лажици млеко и мешајте со смесата за пудинг. Потоа продолжете со подготовката исто како за 2 порции.

Веганска подготовка: За 1 ќесичка пудинг од гриз (65 g) ставете да зоврие 450 ml млеко од соја. Начинот на подготовка е ист како што е споменато погоре.


Варијации:

Екстра слатка: Додадете 100 g суво грозје откако ќе зоврие.

Екстра јаткаста: Додадете 50 g сецкани ореви откако ќе зоврие.

Екстра овошна: Додадете овошни цреши или банани во чиниите за послужување и прелијте ги со пудингот од гриз.


Рецепт за подготовка на црвено овошно желе:

Ставете 350 ml сок од црвено овошје да зоврие, додадете 1 ќесичка пудинг од гриз (65 g) и динстајте околу 1 минута со постојано мешање. Оставете да се излади.


Состав: Оризово брашно* (68%), оризов гриз* (10%), сиров шеќер од трска*, ванила* (0,3%) морска сол.

*од сертифицирано органско земјоделство

Може да содржи траги од јаткасти плодови и сусам.


Складирање: Чувајте на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1590 kJ/375 kcal

Масти: 0,8 g

од кои заситени: 0,3 g

Јаглехидрати: 85 g

од кои шеќери: 22 g

Растителни влакна: 1,6 g

Протеин: 6,2 g

Сол: 0,25 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре